Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„По општинските комитети, следува освежување и во останатите структури на партијата“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarykm2gqq7u09uj7nDDHy1

Премиерот Христијан Мицкоски, соопшти дека процесот на реструктуирање на партијата на ниво на општински комитети е завршен, при што околу 30 проценти од раководните позиции им се доверени на нови луѓе.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека кадровските промени имаат за цел не само да придонесат за зајакнување на партијата, туку и за поголема посветеност во работењето во интерес на државата.

— реклама —

„Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за 30-тина проценти нови луѓе, кои што сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека најдоцна до следната недела ќе следува ново кадровско освежување и во останатите партиски структури.

— реклама —

„Покрај новиот состав на Извршниот комитет и новите претседатели на општинските комитети, ќе дојдат и освежувања во другите структури на партијата – Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и Патриотскиот институт. Остануваат мали финеси кои треба да се доусогласат и очекувам најдоцна следната недела и тоа да го завршиме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според него, станува збор за процес на внатрешно зајакнување и подмладување на партијата преку вклучување на нови кадри во нејзиното функционирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања