Промени тема
Контакт

По осум дена под урнатините, спасен маж во Венецуела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L
screenshot X

Спасувачките екипи рано утринава извлекоа жив 43-годишен чувар кој осум дена бил заробен под урнатините на трговски центар по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, пренесува АП.

Хернан Алберто Гил Флорес бил затрупан во подрумот на трговскиот центар „Галеријас Плаја Гранде“ во крајбрежниот регион Ла Гваира од 24 јуни, кога земјата ја погодија два силни земјотреси. Спасувачите првпат воспоставиле контакт со него во саботата, по што започнала сложена операција за негово извлекување.

— реклама —

Во моментот на првиот земјотрес, Гил Флорес бил на работа како ноќен чувар и се наоѓал во мала безбедносна кабина во објектот.

Венецуела на 24 јуни беше погодена од два силни последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од само 39 секунди. Најпогодени беа крајбрежната држава Ла Гваира и главниот град Каракас.

— реклама —

По главните потреси следуваа повеќе од 600 последователни земјотреси, а бројот на жртвите досега се искачи на 2.295. Според официјалните податоци, повредени се 11.267 лица, а спасени се 6.461.

— реклама —

Поради катастрофалните последици, привремената претседателка Делси Родригез прогласи седумдневна национална жалост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 3 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања