„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По повод Европската недела за помалку отпад во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
IMG_2015

​​Во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата по повод одбележувањето на Европската недела за помалку отпад. Преставници од локалната самоуправа, здруженија и невладини организации дискутираа за заедничко изнаоѓање на решенија за справување со отпадот на територијата на општината. Тие на оваа средба дадоа повеќе идеи и предлози кои би придонеле за почиста Кисела Вода.

— реклама —

Пред присутните се обрати д-р Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода. Оџаклиеска која даде голема поддршка за одржување на оваа дебата, ја истакна важноста на улогата на сите засегнати страни во напорите за спречување со дивото депонирање на отпад. Таа нагласи  дека едукацијата на населението за правата и обврските при постапувањето со отпад, но и спроведувањето на законската регулатива од страна на надлежните служби, ќе придонесе кон активно вклучување на сите засегнати страни во надминувањето на проблемот. Додека, Мирјана Китановска, воспитувач во градинката ЈДГ „8 март“, објект „Расадник“, објасни како нивната градинка го има добиено највисокото еколошко признание, зеленото знаме и како истата работи на полето за зачувување на животната средина.

— реклама —

На овој состанок Петар Ѓорѓиоски, раководител на Оделението за заштита на животна средина зборуваше за сите досегашни активности преземени од страна на Општината, а воедно информираше дека во соработка со Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување , во просториите на Општина Кисела Вода поставени се  пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените во истата.

Овој настан се одржа во организација на Одделението за заштита животната средина кое постојано вложува максимални напори за зачувување на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања