Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

По сончевите периоди следува пресврт: Дожд и нестабилно време до почетокот на следната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-4590PM

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денес претпладне, додека во попладневните часови се очекуваат услови за слаб локален дожд, најпрво во крајните западни делови, а потоа и на повеќе места низ земјава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува на одделни места долж Повардарието.

— реклама —

Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 23 степени.

— реклама —

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица се очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.

— реклама —

Во четврток, врнежите ќе бидат проследени и со услови за појава на ретки грмежи.

Утре и во четврток, на одделни места ќе има услови за појава на утринска магла, што може да ја намали видливоста во раните утрински часови.

— реклама —

Во текот на овој период ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Исклучок ќе биде петок, кога се очекува засилување на ветерот од северозападен правец.

Променливото и нестабилно време ќе се задржи до почетокот на следната работна недела, со повремени врнежи од дожд во повеќе делови од земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
IMG_1106

Денеска нè очекува променливо облачно време и слаб северен ветер

Македонија | пред 5 дена

vreeme-1

Променливо облачно денес, од утре стабилно време и студени утра

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Најстудено на Попова Шапка, во Струмица наврнаа 25 литри дожд – Македонија и денеска под облаци и со врнежи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања