Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

По убиствата во Сиднеј, властите во Австралија тргнуваат против говорот на омраза и екстремизмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library5j91ug6jtb9rdJDKeCf

По смртоносниот масакр на плажата Бонди во Сиднеј минатата недела, австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс најави иницијатива за забрана на јавно истакнување екстремистички знамиња и симболи. Мерката е дел од поширок пакет најавени чекори по нападот во кој беа убиени 15 лица, а десетици беа ранети на една од најпопуларните плажи во земјата, објави Newsweek.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, изјави дека говорот на омраза и поттикнувањето омраза немаат место во австралиското општество, нагласувајќи дека државата мора решително да одговори на настаните што ја потресоа јавноста.

— реклама —

По нападот, властите во возилото на напаѓачот пронашле две импровизирани знамиња на Исламска држава, што дополнително ги засили повиците за законска забрана на јавното истакнување симболи поврзани со оваа и сродни екстремистички организации. Според предложените законски измени, прекршувањето на забраната би се казнувало со затворска казна до две години и високи парични глоби.

— реклама —

Минс најави и дека со новите прописи ќе бидат забранети извици како „глобализирајте ја интифадата“, оценувајќи дека станува збор за говор кој поттикнува омраза и насилство. Тој предупреди дека користењето на вакви фрази претставува опасна игра со безбедноста на заедницата. Воедно, полицијата ќе добие проширени овластувања да побара од учесниците на протести и јавни собири да ги отстранат покривалата за лице.

Нападот се случил во момент кога еврејската заедница ја одбележувала првата вечер на Ханука. Австралиските медиуми ги идентификуваа осомничените како татко и син, Саџид Акрам (50) и Навид Акрам (24), кои отвориле оган врз присутните. Саџид Акрам починал на самото место, додека неговиот син бил пренесен во болница во критична состојба. Навид Акрам е обвинет за 59 кривични дела, меѓу кои и тероризам, но австралискиот премиер Ентони Албаниз изјави дека засега нема докази дека нападот бил дел од поширока терористичка ќелија.

— реклама —

И покрај тоа што Австралија веќе има едни од најстрогите закони за поседување оружје во светот, властите најавија дека разгледуваат и дополнителни мерки. Меѓу нив се ограничување на бројот на огнено оружје што може да го поседува едно лице и издавање дозволи исклучиво на австралиски државјани, како и национална програма за откуп на нелегално и вишок оружје.

— реклама —

Министерката за полиција и борба против тероризмот, Јасмин Катли, за The Guardian изјави дека подготовките за ваква акција се веќе во тек, посочувајќи го примерот на Западна Австралија, каде за откуп биле издвоени десетици милиони долари и биле собрани десетици илјади парчиња оружје. Според неа, на национално ниво бројките би можеле да бидат неколкупати поголеми.

Настаните во Сиднеј се случуваат во услови на изразен пораст на антисемитизмот во Австралија, каде живеат околу 117.000 Евреи. Според владината специјална пратеничка за борба против антисемитизмот, Џилијан Сегал, бројот на антисемитски инциденти, вклучувајќи физички напади, вандализам и закани, е тројно зголемен во годината по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што дополнително ја засилува чувствителноста и притисокот врз властите да реагираат решително.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library50eo7fmjsacjdLTYW5w

Австралија чекор поблиску до безвизна работа и престој за Европејците

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library56hl32788bjf1UUxLSW

(Видео) Рекордна заплена во Австралија: Во подземни бункери откриени 2,7 тони кокаин

Свет | пред 3 дена

ajkula-jadransko-more

Драма на плажа во Сиднеј: Жена со тешки повреди пренесена во болница

Свет | пред 1 седмица

media-library890se3ls4vrr1cuewPo

Хорор во Австралија: Ајкула усмрти 39-годишен маж

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања