Промени тема
Контакт

По убиството на Кирк: администрацијата на Трамп ја проширува борбата против „домашен тероризам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryv6pt291aptk477QdyZF

Американската државна обвинителка Пам Бонди им нареди на јавните обвинителства и другите надлежни институции да ги засилат истрагите против антифашистичкото движење Антифа и сродните „екстремистички групи“. Во интерниот документ, до кој дојде Reuters, таа побарала и од ФБИ да изготви список на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со домашен тероризам.

— реклама —

Налогот доаѓа неколку месеци по убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, по чие убиство претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Антифа се прогласува за терористичка организација.

— реклама —

Во дописот Бонди наведува дека „домашните терористи користат насилство или закани со насилство за да остварат политички цели и да промовираат екстремистички ставови за масовна миграција, радикална родова идеологија, антикапитализам, антихристијанство и антиамериканизам“. Министерството за правда не го коментираше документот.

Бонди им наложила на федералните агенции да ги прегледаат своите досиеја и да издвојат разузнавачки податоци за групи поврзани со Антифа, кои потоа ќе им бидат проследени на истражителите.

— реклама —

ФБИ, пак, треба да отвори истрага за сите инциденти од изминатите пет години што содржат елементи на домашен тероризам. Откако ќе се состави список на потенцијални актери, следниот чекор е да се подготват нови стратегии за „разградување на мрежите на криминални активности“.

— реклама —

Дополнително, се бара подобрување на системот за пријавување инциденти, со цел „сведоците и граѓанските новинари да можат полесно да испраќаат информации за сомнителни дела“. Во документот се повикуваат и федералните канцеларии за грантови да ги приоретизираат државите и градовите што развиле програми за заштита од домашен тероризам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryodu5a8damiipetyam0w

Северна Кореја ги нападна САД поради оружјето за Тајван: „Вашингтон ги зголемува тензиите“

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 22 часа

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања