Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Побрз и поефикасен пристап до правда: Се воведува нов дигитален систем за бесплатна правна помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarygastffit2fogam0OGhl

Министерството за правда започнува процес на дигитална трансформација на системот за бесплатна правна помош, со цел граѓаните да добијат побрз, поедноставен и поефикасен пристап до услугите.

— реклама —

Министерот за правда Игор Филков и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој ќе овозможи поквалитетно управување со целиот процес.

— реклама —

Со воведувањето на новото дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи поефикасно управување со предметите, побрза обработка на барањата и подобра координација меѓу институциите и давателите на бесплатна правна помош.

За граѓаните, ова ќе значи полесен пристап до услугите, поголема достапност на информации и поедноставно остварување на правото на бесплатна правна помош.

— реклама —

Од Министерството за правда посочуваат дека со овој проект дополнително ќе се зајакне пристапот до правда и ќе се обезбеди подобра заштита на правата на сите граѓани.

— реклама —

Активноста се реализира со поддршка на Советот на Европа и претставува значаен чекор кон воспоставување современ, ефикасен и целосно дигитализиран систем на бесплатна правна помош во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5vqplokfvvki00rRS8t

Министерот Шасивари и Нотарската комора разговараа за реформи во нотаријатот

Македонија | пред 1 седмица

media-library3hm59b39ehkhbLpB2HJ

„Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат“, вели Шасавари

Македонија | пред 2 седмици

media-library1farreervqh10qZeA2M

Шасивари разговараше со судиите-поротници за нивните барања и надоместоците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf4j5gdvnfmpfccLL40m

Министерот Шасивари и директорот на РАИ ја потврдија заложбата за зајакнување на антикорупциските политики

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања