Промени тема
Контакт

Почина 70-годишен маж откако со товарно возило излетал од патот на Јадранската магистрала во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Македонија
media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i
Илустрација / Скопје1

Седумдесетгодишен возач од Гостивар починал откако товарно возило со приколка излетало од коловозот на Јадранската магистрала во Скопје и удрило во металната одбојна ограда. По несреќата, тој бил пренесен во болница, каде што лекар констатирал смрт.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври 2026 година, околу 8 часот, во СВР Скопје било пријавено дека товарно возило „МАН“ со приколка и гостиварски регистарски ознаки излетало од коловозот на надвозникот на Јадранската магистрала и удрило во металната одбојна ограда.

— реклама —

Возачот Г.А. (70) од Гостивар бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што лекар ја констатирал неговата смрт.

— реклама —

За настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина. Таму било констатирано дека починал од природна смрт.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пријавени истрели на улица „Варшавска“ во Скопје, полицијата не открила траги од пукање

Македонија | пред 2 минути

— реклама —
danok

Кривична пријава за даночно затајување, државниот буџет оштетен за 347 илјади денари

Македонија | пред 28 минути

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

51-годишен тетовец полово вознемирувал 49-годишна жена

Македонија | пред 30 минути

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

50-годишен кумановец ја нападнал сопругата

Македонија | пред 33 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања