Промени тема
Контакт

Почина Сара Бекстром, припадничката на Националната гарда ранета во нападот близу Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library77614r3so4gffLZss0S

Припадничката на Националната гарда Сара Бекстром од Западна Вирџинија им подлегна на тешките повреди по вооружениот напад што во средата се случи во центарот на Вашингтон, само еден блок од Белата куќа. Веста ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во своето прво јавно обраќање по инцидентот.

— реклама —

„Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од припадничките на Националната гарда за кои зборувавме, многу ценета, млада и величествена личност… штотуку почина. Повеќе не е со нас“, изјави Трамп, пренесувајќи дека семејството е известено.

— реклама —

Во нападот беа застрелани две припаднички на Националната гарда кои патролирале во близина на метро-станицата Фарагут Вест, неколку стотици метри од Белата куќа. Осомничениот напаѓач, кој според полицијата дејствувал од заседа, исто така е тешко повреден и уапсен на лице место. Трамп порача дека „ќе плати скапо“ за нападот.

— реклама —

По инцидентот, во Белата куќа беа воведени најстроги безбедносни мерки. Полицијата соопшти дека нема докази за постоење други осомничени и дека нападот засега се води како изолиран случај.

— реклама —

Трагедијата ја потресе американската јавност, особено со оглед на тоа што припадниците на Националната гарда во последните месеци се дел од засилената безбедносна мисија во главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryodu5a8damiipetyam0w

Северна Кореја ги нападна САД поради оружјето за Тајван: „Вашингтон ги зголемува тензиите“

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 23 часа

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања