Промени тема
Контакт

Почина поранешен функционер на ДЗС, обвинет за трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx
Скопје1.мк

Обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани остана без уште еден од обвинетите, откако почина Љупчо Грнчиштанов (54), поранешен генерален инспектор и раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Според информациите, Грнчиштанов починал откако му се слошило во домашни услови. За случајот е известено Јавното обвинителство, а Основното јавно обвинителство – Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.

Грнчиштанов беше меѓу обвинетите во предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ и се товареше за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“.

— реклама —

Во периодот од 2013 до март 2025 година тој ја извршувал функцијата генерален инспектор и раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Според достапните информации, поминал 77 дена во ефективен притвор, по што мерката му била заменета со куќен притвор, во кој се наоѓал речиси 14 месеци.

Ова е втор смртен случај меѓу лицата опфатени со истрагата и обвинението за трагедијата во Кочани. Претходно почина и Владо Петров, пензиониран полициски службеник кој беше осомничен во истрагата.

Судската постапка за трагедијата во „Пулс“ продолжува, додека јавноста и семејствата на жртвите очекуваат целосно утврдување на одговорноста за еден од најтрагичните настани во поновата македонска историја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ по барањето на одбраната за супервештачење: Како вештак што не може да одговори на сите прашања ќе го оспори целото вештачење

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Прекинато е рочиштето за „Пулс“ откако на еден адвокат му се слошило

Македонија | пред 3 дена

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 1 седмица

media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања