Промени тема
Контакт

Поддршка за најмладите во Илинден: Секое прваче ќе добие по 3.000 денари и училишен ранец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library5sn0ddvncrmo4qMaB9k

Семејствата од Општина Илинден, чии деца годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, ќе добијат финансиска поддршка од општината.

— реклама —

За таа цел е објавен јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за децата кои во учебната 2026/2027 година ќе се запишат во прво одделение. Согласно мерката, за секое прваче ќе бидат исплатени 3.000 денари.

— реклама —

Родителите или старателите кои сакаат да го остварат правото, треба да поднесат барање со потребната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, документите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Општината.

Од Општина Илинден посочуваат дека мерката е насочена кон олеснување на трошоците за семејствата пред почетокот на новата учебна година и обезбедување дополнителна поддршка за најмладите ученици.

— реклама —

Покрај еднократната финансиска помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика за обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата.

— реклама —

Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се реализираат повеќе активности за различни категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Во недела посебен сообраќаен режим во Илинден поради атлетска трка

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryqsoc5bqeo1js8Cs5TJ7

СДСМ: Делегација предводена од претседателот Филипче положи свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин Камен

Македонија | пред 2 месеци

media-library6p0n8v0htbrmbewPaAu

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања