Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Подготовка на студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

ОО
unnamed-scaled-1

Согласно Одлуката за усвојување на Измените и дополнувањата на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год.на Општина Охрид  бр.08-3254/95 од 14.03.2025г, Општина Охрид во рамки на оваа програма има предвидено изготвување на Студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид

 

— реклама —

Што е Еколошки отисок?

— реклама —

Човековите активност ги трошат природните ресурси, а притоа емитираат јаглероден диоксид и произведуваат отпад. Како што нашата популација расте, потрошувачката се зголемува, при што од суштинско значење е да го измериме капацитетот на природата за да се исполнат овие барања. Еколошкиот отисок се наметнува како една од водечките мерки за пресметување на човековата побарувачка од природата. Тоа е метрички управуван податок кој покажува колку одржливо живееме. Пресметките се како „банкарски извештаи“ со кои документираме дали живееме во рамките на нашиот еколошки буџет или ги консумираме природните ресурси повеќе и побрзо отколку што тие може да се обноват.

— реклама —

Еколошкиот отисок се мери како природна област или како износ на природниот капитал кој се консумира секоја година или хектари површина кои им се потребни на сите жители вклучувајќи ја и природната област потребна за да се асимилира произведениот отпад и да го филтрира јаглерод диоксидот.

 

Општина Охрид, во определбата за дефинирање на насоките за одржлив развој, има потреба од определување на својот еколошки капацитет и утврдување на својот еколошки отисок (печат), како алатка за мерливо управување со развојот.

Еколошкиот отисок, како мерлив индикатор на одржливиот развој, треба да го определи биолошкиот капацитет на просторoт на Општина Охрид во однос на предизвиците и потребите во секојдневниот живот на граѓаните во областите на транспортот, домувањето, обработката на земјиштето, создавањето на отпадот, индустриското производство и сл. Тој треба да даде одговор на прашањето:

–  колку простор е потребен за граѓаните, за создавање на се она што го консумираат од своето опкружување (продукти и ресурси) и

– што произведуваат и со што ја обременуваат својата животна средина (отпад и емисии),

при што податоците се обработуваат на годишно ниво.

 

Еколошкиот отисок на една одредена популација е мерка на влијание кое тие луѓе го имаат врз нивната околина. Се мери вкупното количество на обработлива почва и на вода што се потребни за производство на сите ресурси кои се искористуваат и количеството обработлива почва и вода потребни за згрижување на отпадот што популацијата го создава.

Пресметувањето на еколошкиот отисок треба да ги вклучи деталните информации за потрошувачка на ресурси во одредена базна година, за:

  • Храна,
  • Енергија,
  • Транспорт,
  • Изградена инфраструктура,
  • Отпад,
  • Туризам.

Еколошкиот отисок на Општина Охрид не може да биде само збир на еколошките отисоци пресметани за секоја од наведените компоненти и категории. Врз основа на еколошкиот отисок се добиваат значајни податоци за идентификација на проблемите и каде се лоцирани. Во оваа смисла, еколошкиот отисок е само првиот чекор во изработка на проценката на одржливиот развој на општината. Урбанистичкото планирање како комплексна дисциплина, бара поширок, попотполн и сеопфатен метод на проценка кој треба да опфати, покрај анализата на трошоците и добивките, економските и социјалните влијанија, трошоците на животниот циклус (транспорт, инфраструктура на водите  за пиење и отпадните води и сл.), и предлог мерки и активности во насока на унапредување на одржливиот развој на Општина Охрид. Сеопфатна слика за одржливоста на општината може да се добие ако општината не се набљудува како збир на издвоени делови и функции, туку како урбан екосистем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов до крајот на годинава или почетокот на следната, вели Николоски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp_smetki

Сметките во Охрид растат до 50%: Поскапуваат услуги и такси-превоз

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfe0g2lkm4rfe5a5Sw20

Охрид добива 200 нови паркинзи: Пецаков очекува новата катна гаража да се отвори до следната туристичка сезона

Македонија | пред 2 седмици

media-library0kp2iu5jcvobbXCM3gM

Нов напредок на патот Охрид–Кичево: Од денес во функција клучката Требеништа

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања