Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Полицаец фалсификувал потпис, изготвил записник со лаги - поднесена криивчна пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член по член 353 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово.

— реклама —

Имено, полицискиот службеник делото го извршил на тој начин што ги злоупотребил процедурите за примање барања, постапување и достава на службени акти и до адвокат доставил акт за достапност за лице со невистинита содржина, односно на усно барање на адвокатот, без процедурално административно - деловодничко евидентирање на писмено барање, изготвил и издал на рака акт со невистинита содржина, т.е. во актот било наведено дека лице кое е засегнато во судски процес било преселено на непозната адреса, со што не бил достапен на органите за прогон, без притоа да се извршат проверки за достапност на терен.

— реклама —

По изготвувањето на актот, полицискиот службеник го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број и како таков актот го предал на рака, спротивно на утврдените процедури.

— реклама —

По ова предметниот акт бил злоупотребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ што резултирало со штетен исход од судскиот процес против лицето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygie3r8ces75vex5smBO

46-годишник осомничен за сообраќајката во Радишани: Му пресекол пат, а за да избегне судир мотоциклистот преминал во спротивна лента

Некатегоризирани | пред 24 минути

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Со тврд предмет ја нападнал сопругата, а ги тепал ќерките и синот: поднесена кривична пријава против скопјанец по брза постапка

Скопје | пред 1 час

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

По расправија го прободел со нож: 37-годишник во притвор за обид за убиство

Скопје | пред 1 час

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тројца повредени во судир на два мопеда во Маџари, еден е малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања