Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полицаец наплаќал казни за непрописно паркирање во кеш наместо преку пос-терминал, а парите ги ставал во џеб: заработил 85.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција води постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје, осомничен за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

— реклама —

Според Обвинителството, во периодот од април до јули годинава, осомничениот ја злоупотребувал службената положба, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, а на државниот буџет му нанел штета од најмалку 85.500 денари.

— реклама —

Истрагата покажала дека, додека работел во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од возачите чии возила биле подигнати со пајак-служба, изготвувал прекршочни налози, но наместо казната да се плати преку ПОС-терминал, парите ги земал во готово и ги задржувал за себе. Притоа користел потврди за плаќање од претходно извршени трансакции.

— реклама —

Во други случаи, според Обвинителството, изрекувал помали казни од законски предвидените или воопшто не изготвувал прекршочни налози, дозволувајќи им на возилата да го напуштат депото без да биде наплатена глоба.

— реклама —

Поради опасност од бегство, повторување на делото и можност за влијание врз сведоци, обвинителот побарал определување притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му одредил притвор во траење од осум дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 3 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања