Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Полицаец возел без возачка во центарот на Скопје, колеги го застанале, а МВР го прати на психијатар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Министерство за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против Ѓ.К. поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

— реклама —

Според информациите, пријавениот, вработен како полицаец во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на 6 февруари 2026 година на улицата „Даме Груев“ во Скопје управувал патничко возило „сеат алтеа“ без да има положен возачки испит и без возачка дозвола. Како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите за безбедност и управувал возило на безобѕирен начин.

— реклама —
— реклама —

Од Одделот за внатрешна контрола против него е поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Воедно му се изречени задолжителни мерки – одземање на службеното оружје и муницијата, како и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3hilpabs12vi2QdWWcO

(Видео и фото) Откако ги претресоа, четворица од свадбарите во гостиварско добија и притвори за пукањето кое го снимале и објавиле

Македонија | пред 10 часа

pozar-1

Избувнал пожар во кујна на маркет во Скопје, нема повредени

Македонија | пред 14 часа

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид, две лица со тешки повреди

Македонија | пред 15 часа

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Шест физички напади пријавени во Скопје за еден ден

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања