Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Полицајци менувале службени документи за да прикријат бесправна градба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение, против пет полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово.

— реклама —

Кривичната пријава е поднесена против Б.И., командир на Полициското одделение Чегране, како и против полициските службеници К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е., поради основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“, казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според МВР, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење, изготвиле и измениле службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба. Со ваквото постапување, тие го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка што се води пред суд или друг надлежен орган.

— реклама —

Дополнително, полициските службеници ја преквалификувале поднесената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување против подносителот на поплаката. Притоа, без да ја утврдат фактичката состојба на терен, изготвиле записник за констатиран прекршок и поднеле барање за поведување прекршочна постапка против лицето кое ја пријавило бесправната градба.

— реклама —

Од Одделот за внатрешна контрола информираат дека, по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против пријавените полициски службеници ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муницијата, како и нивно упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Ја нападнал партнерката, а потоа со тврди предмети и го оштетил возилото

Македонија | пред 1 минута

bankomat-12

Му помогнал да извади пари од банкомат, па го ограбил

Македонија | пред 2 минути

semejno-nasilstvo

Уапсен 31-годишник од Гевгелија, агресивно се однесувал кон поранешната партнерка

Македонија | пред 3 минути

skali

19-годишник тешко повреден откако татко му го турнал по скали

Македонија | пред 9 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања