Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полицајците ќе можат да носат брада и тетоважи: МВР ги менува правилата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryqja68b1aulu92qCC0pp

Полициските службеници во Македонија отсега ќе можат да носат уредна брада и одредени видови тетоважи, откако Министерството за внатрешни работи направи измени во Правилникот за однесување и меѓусебни односи на работниците во МВР.

Од Министерството информираат дека Правилникот бил донесен на 4 мај годинава, а по иницијатива на Гранскиот независен синдикат на полицијата биле предложени измени кои се однесуваат на изгледот на полициските службеници. По разгледување на предлогот, МВР ги прифатило измените и на 1 јуни биле усвоени дополнувањата.

— реклама —

Според новите правила, полициските службеници кои носат униформа ќе можат да имаат брада, но таа мора да биде кратка, уредна и редовно одржувана, без да го нарушува професионалниот изглед на службеникот.

— реклама —

„Брадата мора да биде чиста, негувана и редовно одржувана, со јасно дефинирани контури на образите и вратот, а не смее да ја попречува употребата на службената опрема, вклучително и заштитната маска“, стои во Правилникот.

Измените се однесуваат и на тетоважите. Според новите одредби, униформираните полицајци нема да смеат да имаат видливи тетоважи на деловите од телото кои се изложени при носење униформа, освен на горните екстремитети. Притоа, тетоважите не смеат да содржат навредлива, расистичка или вулгарна содржина што би можела да го наруши угледот на Министерството.

— реклама —

Информацијата ја потврди и Независниот синдикат на полицијата, од каде оценуваат дека станува збор за значаен чекор кон модернизација на условите за работа и усогласување со практиките што веќе се применуваат во голем број европски држави.

— реклама —

Покрај овие измени, прифатен е и предлогот за укинување на ограничувањата за користење мобилни телефони кај дел од полициските служби.

Од МВР велат дека со измените се постигнува рамнотежа меѓу современите потреби на полициските службеници и зачувувањето на стандардите за професионалност, дисциплина и углед на полициската служба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања