Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Полицијата откри продажба на кокаин во угостителски објект во гостиварско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
02

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш. (50) и М.А. (24), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по преземени оперативни мерки било утврдено дека во периодот од декември 2024 година до 31 јануари 2026 година, првопријавениот, сопственик на угостителски објект во село Чегране, гостиварско, вршел продажба на кокаин.

— реклама —

Истрагата покажала дека на 17 јули 2025 година, во населбата Питарница во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Според наодите, дрогата претходно ја набавил од второпријавениот, кој бил вработен во угостителскиот објект и вршел непосредна продажба на кокаин на корисници.

— реклама —

На 31 јануари 2026 година бил извршен претрес во угостителскиот објект во Чегране, при што биле пронајдени и одземени кокаин и гасен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри.

— реклама —

Против двајцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење

Македонија | пред 4 часа

avtopat

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Македонија | пред 9 часа

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања