Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Полицијата пукаше во воздух за да растера толпа пред центар за лекување на ебола во Конго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ebola-kongo

Полицијата на истокот на Демократска Република Конго пукала во воздух за да растера разгневена толпа која се обидела да ги преземе телата на починати од ебола во центар за лекување во градот Монгвалу.

Според Би-би-си, немирите започнале во неделата и траеле во текот на целиот ден, а центарот за лекување претходно бил нападнат и запален.

— реклама —

Медицинскиот директор на болницата во Монгвалу, Ричард Локуди, изјавил дека демонстрантите барале телата на две починати лица да им бидат предадени на семејствата.

— реклама —

Една од жртвите бил католички свештеник и познат локален верски лидер, а здравствените власти предупредуваат дека телата на жртвите од ебола се исклучително заразни и можат дополнително да го шират вирусот при традиционални погреби.

Поради тоа, погребите ги организира Црвениот крст под полициска заштита, што предизвикува недоверба и револт кај дел од локалното население.

— реклама —

Во тековната епидемија досега се регистрирани повеќе од 900 сомнителни случаи и над 220 сомнителни смртни случаи.

— реклама —

Уганда во меѓувреме потврди уште два нови случаи на ебола кај здравствени работници, со што бројот на заразени во земјата се искачи на седум.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести предупреди дека повеќе африкански држави се изложени на ризик од ширење на епидемијата, додека Светската здравствена организација соопшти дека ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи станува збор за редок вид на вирусот ебола за кој во моментов нема вакцина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Над 5.000 починати од ебола во Конго, бројот на заразени надмина 10.000

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
ebola-kongo

Во Конго убиен медицински техничар што лекувал заболени од ебола

Свет | пред 1 седмица

migranti

Најмалку 12 загинати, десетици исчезнати по превртување на пловило во Конго

Свет | пред 1 месец

media-libraryhe4k27fokhhv0Z1nWvl

(Видео) Нов вид мајмун откриен во Конго по повеќе од една деценија истражувања

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања