Промени тема
Контакт

Полициска акција низ државата: 11 лица приведени поради дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1t41dhskauv96tipxic

Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие спроведоа повеќе акции на подрачјето на Скопје, Тетово, Кичево и Струга, при што од слобода биле лишени вкупно 11 лица кај кои била пронајдена дрога.

Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Г.А. (30), В.С. (26) и Љ.С. (25), сите од Скопје, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли.

— реклама —

Во истиот ден, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при контрола на осуденикот И.Т. (43) од Скопје, кој се враќал од отсуство, биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети.

— реклама —

Во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.В. (18) од селото Ташмаруништа, откако при преглед кај него биле пронајдени марихуана и други предмети.

Во Кичево, при контрола на патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, биле приведени М.Т. (24), Б.В. (25) и О.К. (25), сите од Скопје. При прегледот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

— реклама —

Во тетовско Боговиње, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ќ. (29) и И.М. (28) од селото Милетино, откако при преглед на возило „Поло“ била пронајдена бела прашкаста материја.

— реклама —

Дополнително, во близина на клучката Групчин бил приведен и 17-годишен малолетник од селото Копачиндол, кај кого била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4oa6lsataolcfFxHs3T

92 неправилности утврдени при контрола на автобуси и возила за јавен превоз

Македонија | пред 27 минути

— реклама —
media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Со остар предмет оштетени пневматици на службено возило пред Центарот за социјални работи во Тетово

Македонија | пред 49 минути

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Автомобил излетал од патот Тетово–Гостивар, четворица повредени

Македонија | пред 50 минути

tepachka-deca

Група малолетници со метални и тврди предмети нападнале малолетник во Гостивар

Македонија | пред 51 минута

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања