Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полициска акција низ државата: 21 возач фатен без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9
фб

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници низ државата лишиле од слобода вкупно 23 возачи поради безобѕирно управување со возила, при што дури 21 лице управувале без возачка дозвола, а меѓу нив имало и тројца малолетници.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осум лица биле приведени во Скопје, од кои едно било малолетно. Во Гостивар биле лишени од слобода четири лица, меѓу кои исто така имало еден малолетник, додека во Кичево биле приведени двајца возачи.

— реклама —

По едно лице без возачка дозвола било затекнато во Тетово, Куманово, Кочани, Валандово, Битола и Прилеп, а во Неготино бил приведен уште еден малолетник.

Дополнително, по едно лице во Битола и Штип било лишено од слобода поради управување возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против сторителите.

— реклама —

Воедно, од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 17 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 17 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања