Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полициски службеник, преку мобилна апликација споделувал службени тајни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp
Скопје1.мк

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против полицискиот службеник Б.Т. поради сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“.

— реклама —

Според информациите од МВР, пријавениот, кој бил вработен во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16 мај 2025 година, при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело, се стекнал со податоци што претставувале службена тајна во предистражна постапка.

— реклама —

Како што информираат од Министерството, три дена подоцна, на 19 мај 2025 година, при приватна комуникација преку мобилна апликација, тој ги споделил добиените информации со бранител на осомничен во постапката.

— реклама —

Споделените податоци, според МВР, се однесувале на искази дадени од лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и на информации поврзани со издадени наредби за приведување на лице.

— реклама —

Против Б.Т. е поднесена соодветна кривична пријава, а за случајот ќе постапува надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 10 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 10 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања