Промени тема
Контакт

„Политичка хистерија“: ВМРО-ДПМНЕ го нападна Филипче по критиките за дата-центрите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7j5jjcdtsarl1SAuCv0

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, обвинувајќи го претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека секоја нова инвестиција ја претвора во повод за ширење страв и паника во јавноста.

Од партијата велат дека СДСМ нема аргументи против ваквите проекти, па затоа, според нив, секоја нова инвестиција се претставува како закана.

— реклама —

„Филипче и СДС изгледа имаат проблем со сè што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се споменува и Пехчево, при што од партијата тврдат дека иницијативата против дата-центрите таму не поминала и дека зад неа стоел човек близок до СДСМ.

— реклама —

„Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата оценува дека Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции и да создава модерна инфраструктура, но притоа нагласува дека тоа треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и примена на високи стандарди за заштита на граѓаните.

— реклама —

„Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче и СДСМ наместо стручни анализи и аргументирана дебата нудат „обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника“.

„На Македонија ѝ треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата доаѓа откако СДСМ побара целосна транспарентност за разговорите со потенцијални инвеститори за дата-центри, со прашања за тоа кои компании се во игра, под кои услови се водат разговорите и колкава би била потрошувачката на вода и електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Од 32 на 19,3 проценти – бројките го покажуваат падот на ВМРО

Македонија | пред 17 часа

media-library752h05roicf34cJytLV

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Македонија | пред 20 часа

sdsm-i-mickoski

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања