Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Политичка пресметка околу Венецуела: ВМРО-ДПМНЕ го прозива СДС за молк и двојни стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
ck-dpmne

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ јасно застанал на страната на, како што наведуваат, соборениот венецуелски диктатор Николас Мадуро, посочувајќи дека ниту 48 часа по акцијата на Соединетите Американски Држави нема јасен став за неговото апсење.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот молк ја вбројува СДСМ меѓу ретките политички субјекти кои, како што тврдат, индиректно поддржуваат режими поврзани со шверц и трговија со дрога, како и авторитарни облици на владеење. Од партијата наведуваат дека јавноста не слушнала став ниту од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за кого тврдат дека во моментот престојува на зимски одмор во скијачкиот центар Гармиш-Партенкирхен, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев.

— реклама —
— реклама —

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Филипче треба јавно да објасни како неговата партија, според нив, се довела во позиција да молчи за апсење на диктатор и да се најде во друштво на поддржувачи на режими обвинувани за криминал и трговија со дрога. Дополнително, од партијата тврдат дека СДСМ, под влијание на странски политички и комуникациски советници, се позиционирал меѓу политичките субјекти кои имаат благонаклонет однос кон Мадуро.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека постојат две можни објаснувања за ваквиот став, односно за неговото отсуство: или СДСМ, како што наведуваат, се откажал од курсот на стратешко партнерство со Соединети Американски Држави, или, пак, причината е далеку поедноставна и се сведува на тоа дека раководството на партијата е фокусирано на приватни активности и одмор, наместо на, како што велат, јасна и принципиелна надворешнополитичка позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr8mnjqaftah45u31VNb

Јованчев: Определбата на власта е да ја зачува финансиската стабилност и постепено да ја намали потребата од нови задолжувања

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library8c4k32nu0mnp08p35CV

„Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за насилството врз младата девојка од Охрид

Македонија | пред 21 час

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања