Промени тема
Контакт

Политички шок во Германија – избодена новоизбраната градоначалничка на Хердеке

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
Germanija-eksplozija

Градоначалничката на германскиот град Хердеке, на западот на земјата, е тешко повредена откако била нападната со нож пред својот дом, јавуваат германските медиуми.

— реклама —

Полицијата соопшти дека нападот се случил околу пладне, кога 57-годишната социјалдемократка Ирис Шталцер се наоѓала пред влезот на својата зграда. По нападот успеала да се довлечка до станот, каде што се онесвестила.

Во моментот на инцидентот во домот биле нејзините посвоени деца – 15-годишен син и 17-годишна ќерка – кои веднаш ја повикале полицијата. Според сведочењето на момчето, мајка му била нападната од неколку непознати лица на улицата.

— реклама —

Шталцер, која е адвокатка специјализирана за работно право, станала градоначалничка во септември, победувајќи во вториот круг од локалните избори со 52,2 проценти од гласовите.

— реклама —

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази шок и загриженост по нападот.

Примивме вест за овој грозоморен чин во Хердеке. Се плашиме за животот на градоначалничката Ирис Шталцер и се надеваме на нејзино целосно закрепнување. Моите мисли се со нејзиното семејство“, напиша Мерц на социјалната мрежа X.

— реклама —

Полицијата ја истражува позадината на нападот и сè уште не е познато дали станува збор за политички мотив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 2 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања