Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Политико: Трамп го смени тонот зад затворени врати на самитот на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американскиот претседател Доналд Трамп, по јавните критики упатени кон НАТО, зад затворени врати испратил значително попозитивни пораки до сојузниците за време на самитот во Анкара, објави „Политико“.

— реклама —

Според четворица извори запознаени со разговорите, Трамп во завршното обраќање рекол: „Сакаме да останеме со вас“, што претставува остар пресврт во однос на неговите претходни закани дека САД би можеле да ја напуштат Алијансата.

— реклама —

Изворите наведуваат дека американскиот претседател не ги споменал своите претходни барања за анексија на Гренланд, ниту пак ја критикувал Шпанија, која претходно беше мета на неговите изјави. Наместо тоа, упатил пофалби до Полска, Германија, балтичките земји и Норвешка за нивниот придонес во НАТО.

„Само што го завршивме состанокот на НАТО и тоа беше одличен состанок. Имаше многу позитивна атмосфера“, изјавил Трамп пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Според дипломатски извори, не е јасно што ја предизвикало промената на неговиот тон, но атмосферата на состанокот била значително подобра отколку што се очекувало.

— реклама —

И покрај ваквиот настап, европските претставници остануваат внимателни поради непредвидливоста на Трамп, оценувајќи дека неговите јавни и приватни пораки често се разликуваат. Напнатоста дополнително ја одржуваат прашањата поврзани со Иран и Гренланд, за кој Трамп и натаму тврди дека САД треба да го контролираат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 1 ден

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 2 дена

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања