Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пописот е некомплетен, ДЗС направи упад и промена на бројките, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Popis_2021

Пописот е нецелосен и со многу неправилности. Овој попис кој го спроведоа СДСМ и ДУИ не ја покажува реална слика за популацијата во државата, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Некомплетноста на пописот се покажа во повеќе наврати. 132 илјади Македонци се непопишани, а тоа 7.2% од целосното резидентно население. Државниот завод за статистика ги поседува сите податоци за овие граѓани, но не ги вклучил во дел од резултатите на оваа операција.

ДЗС направи целосен хаос во графата за религиска припадност, со нераспознавањето на христијани и православни.

— реклама —

Неправилностите на овој попис излегоа на виделина само еден ден од соопштувањето на официјалните резултати. Директниот упад од ДЗС во промената на бројот и процентите во религиската определба во графата атеисти е уште еден од показателите за некомплетноста на резултатите на оваа операција.

За овој упад во официјалните резултати од ДЗС веќе неколку дена нема одговор, а со тоа се зголемуваат сомнежите во бројките на пописот.

— реклама —

Со овој попис стана јасно дека и Македонците и Албанците, но и Турците, Србите, Власите, Ромите и останатите заради лошите политики на власта на СДСМ и ДУИ се иселуваат од државата. Над 10 проценти од резидентното население изминативе години е иселено од Македонија.

— реклама —

На државата не и треба попис за задоволување на коалицијата СДСМ и ДУИ, на Македонија и треба попис спроведен според сите европски стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта ќе спроведе електронски попис со кои ќе се добијат целосни и релевантни бројки и проценти за резидентното население во Македонија“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

popis

Следниот попис во Македонија ќе се прави без попишувачи – ќе се броиме дигитално

Македонија | пред 3 месеци

Popis_2021

На пописот во Албанија повеќе Бугари од Македонци

Свет | пред 2 години

popis

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Апликацијата за пописот која беше донација од бугарска фирма била незаконски набавена, вели Левица

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања