Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Попова Шапка под најдебела снежна покривка – измерени 33 сантиметри снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Најмногу снег утрово е измерен на Попова Шапка, каде снежната покривка достигнува 33 сантиметри, покажуваат податоците до 7 часот. По Попова Шапка, највисока снежна покривка е регистрирана во Маврови Анови со 15 сантиметри, во Битола 13, Ѓуриште 8 и Крушево 7 сантиметри.

— реклама —

Во Тетово и Штип има по 5 сантиметри снег, додека во Берово, Претор и Струмица се измерени по 2 сантиметри. Во Виница и Крива Паланка снежната покривка изнесува 1 сантиметар.

Температурите утрово се најниски на Попова Шапка со -4 степени и во Крушево со -3, додека во Маврови Анови, Берово, Тетово и Крива Паланка се измерени -2 степени. Во поголем дел од земјата температурите се околу нулата, а највисоки се во Гевгелија, Демир Капија и Охрид.

— реклама —

Времето денеска ќе биде претежно облачно во претпладневните часови, со појава на магла во котлините, а попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 7 степени. Во Скопје ќе има променлива облачност со сончеви периоди и максимална температура до 4 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 3 седмици

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 3 седмици

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 1 месец

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања