Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има снег. Ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде снежната покривка до 07 часот достигна 34 сантиметри.
Минималните температури утрово се измерени на: Попова Шапка -3°C, Скопје-Петровец 0°C, Крушево и Маврови Анови 0°C, Тетово и Лазарополе 1°C, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 2°C, Прилеп, Велес, Берово, Кавадарци 3°C, Охрид, Крива Паланка, Претор 4°C, Битола, Виница 5°C, Гевгелија 7°C, Штип 8°C и Демир Капија 9°C.
Наврнат воден талог во изминатите 24 часа најмногу е измерен на Маврови Анови – 12 l/m², а следат Лазарополе и Пожаране со 10 l/m², Пожар 6 l/m², Тетово 5 l/m², Крушево 4 l/m² и Претор и Попова Шапка по 3 l/m².
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне 7 степени.