Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Попова Шапка со 39 сантиметри снежна покривка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
popova-shapka

Во изминатите 24 часа најмногу снег е измерен на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка достигна 39 сантиметри, а воедно таму е регистрирана и најниската температура од -3 степени Целзиусови.

— реклама —

Минималните утрински температури на повеќе места низ државата се движеа околу нулата и под неа. Во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево беа измерени 0 степени, додека 2 степени се регистрирани во Радовиш – Пожар и Пожаране. Во Претор, Охрид, Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани минималната температура изнесуваше 3 степени, а во Тетово, Прилеп и Берово 4 степени. Во Битола и Виница се измерени 5 степени, додека во Скопје, Кавадарци, Струмица и Штип 6 степени. Највисоки утрински температури се регистрирани во Гевгелија со 9 степени.

— реклама —

Најмногу врнежи во изминатото деноноќие се измерени во Демир Капија со 14 литри на метар квадратен, по што следуваат Струмица со 13, Охрид со 12 и Берово со 11 литри на метар квадратен. Значителни количини воден талог се регистрирани и во Скопје, Крушево, Претор, Пожаране, Маврови Анови, Штип, Кавадарци и Прилеп.

— реклама —

Според најавите, во наредниот период се очекуваат променливи временски услови со повремени врнежи, а на повисоките места и планините ќе продолжат снежните врнежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 1 месец

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 1 месец

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 1 месец

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања