Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Попова Шапка со најмногу снег – 32 сантиметри снежна покривка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Попова Шапка утринава е локацијата со најголема снежна покривка во земјава, каде до 7 часот се измерени 32 сантиметри снег. Значителна снежна покривка има и на Маврови Анови со 14 сантиметри, додека во Крушево се регистрирани 6 сантиметри, во Битола и Ѓуриште по 5, а во Тетово 1 сантиметар снег.

— реклама —

Најниските утрински температури се измерени во Крушево, каде живата во термометарот се спушти до минус 3 степени. Минус 2 степени се регистрирани на Попова Шапка, додека минус 1 степен е измерен во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови. Нулта температура е измерена на Зајчев Рид во Скопје, како и во Крива Паланка, Берово, Струмица и Битола. Во Куманово, Велес, Охрид и Претор се измерени 1 степен, во Штип, Прилеп, Кавадарци, Виница и Гевгелија 2 степени, додека најтопло утринава било во Демир Капија со 3 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне, по одделни котлини, се очекува појава на магла или ниска облачност, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени.

— реклама —

Во Скопје, претпладне ќе има магла и ниска облачност, додека во текот на денот се очекува променлива облачност со сончеви периоди. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 6 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 2 седмици

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 2 седмици

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 3 седмици

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања