Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Попова Шапка утрово најстудена, најмногу дожд наврна во Претор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
1-1

Најстудено утрово во земјава било на Попова Шапка, каде се измерени 5 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

— реклама —

По Попова Шапка, најниски температури се измерени во Крушево и Лазарополе со 7 степени, додека 8 степени се измерени во Претор и Маврови Анови.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнало во Претор, каде се измерени 33 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Битола со 23 литри и Охрид со 19 литри на метар квадратен.

— реклама —

Според прогнозата на УХМР, времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека попладне се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

— реклама —

Наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи од 17 до 24 степени.

— реклама —

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
IMG_1106

Денеска нè очекува променливо облачно време и слаб северен ветер

Македонија | пред 1 седмица

vreeme-1

Променливо облачно денес, од утре стабилно време и студени утра

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Најстудено на Попова Шапка, во Струмица наврнаа 25 литри дожд – Македонија и денеска под облаци и со врнежи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања