Промени тема
Контакт

Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_20241213_075215_788

„Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за нов член на критикуваниот Судски совет скандалозно ја инсталира сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој доаѓа токму од ДПМНЕ. Данка Ристова е избрана за член на Судскиот совет на местото на Лорета Ѓорѓиева од Струмица, за која во јавноста гласно се говореше дека е од „тефтерчето" на Заев, со што фамозното „тефтерче" за избор на подобни партиски судии, повторно премина во рацете на ДПМНЕ!“, велат од Левица.

— реклама —

„Со ваквиот избор се потврдија укажувањата на Левица, дека бизнис - елитите на криминалните политички партии, ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, изминативе години константно го партизираат судството со избор на свои подобни партиски судии, без никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.

— реклама —

Оваа одлука го демонстрира истиот шаблон на поставување партиски кадри во клучните правосудни тела, а со цел цементирање на политичката контрола и обезбедување на комоција во криминалното владеење.

— реклама —

Овој избор доаѓа во време кога премиерот Мицкоски најавуваше сериозни реформи, дури и распуштање на Судскиот совет поради неговото катастрофално работење. Очигледно, Мицкоски ќе продолжи да го зајакнува системот што го критикуваше.

— реклама —

Левица ја предупредува јавноста дека Мицковизмот не само што ќе го наследи, туку и ќе го надгради Заевизмот. Она што го критикуваше, Мицкоски сега совршено го копира, дополнувајќи го со нови механизми за зацврстување на партиската контрола врз правосудството и државните институции. Ова не е промена, туку продлабочување на истиот гнил систем којшто ја задушува Македонија и ја урива довербата на граѓаните“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања