Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поради африканска свинска чума воведени строги мерки во делови од Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
svinja

Поради појава на африканска свинска чума кај домашни свињи, на територијата на белградските општини Обреновац и Палилула се прогласени заразени и загрозени подрачја, а надлежните институции воведоа низа заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста.

— реклама —

Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија донесе решенија со кои се утврдуваат мерките што треба да се спроведуваат во погодените подрачја.

— реклама —

Во согласност со епидемиолошката состојба и ризикот од понатамошно ширење на болеста, предвидена е евтаназија на заразените свињи, која ќе ја спроведуваат стручни лица, како и безбедно отстранување на лешевите со нивно закопување според пропишаните процедури.

Локалните самоуправи ќе треба да обезбедат механизација за ископување јами за отстранување на угинатите или усмртените животни на фармите каде што е потврдена болеста или на други локации определени од општините.

— реклама —

Мерките опфаќаат и задолжително чистење и дезинфекција на објектите, возилата, алатот, облеката и обувките што биле во контакт со заразените животни. Воедно, секое сомневање за болеста или угинување на животни мора веднаш да биде пријавено до надлежната ветеринарна инспекција.

— реклама —

Како дел од превентивните мерки, привремено е забрането одржување саеми, изложби и работа на сточните пазари во погодените подрачја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 2 дена

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 2 дена

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања