Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поранешен израелски министер: Хамас се опоравува, а армијата останува без муниција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryajgs380jcllh0kbMWbl
screenshot youtube

Поранешниот израелски министер за одбрана и лидер на партијата „Израел Бејтену“, Авигдор Либерман, предупреди дека израелската армија би можела да остане без муниција во рок од десет дена, истовремено упатувајќи остри критики до владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

— реклама —

Во интервју за израелската државна телевизија КАН, Либерман го критикуваше владиниот предлог со кој ултраортодоксните Евреи (харедите) би биле ослободени од задолжителната воена служба.

Тој ја обвини владата дека, за да ја зачува владејачката коалиција, е подготвена да ги загрози државните интереси.

— реклама —

„За десет дена израелската армија повеќе нема да има муниција“, изјави Либерман.

— реклама —

Осврнувајќи се на предложениот закон, тој оцени дека со него практично се легализира избегнувањето на воената служба.

Либерман, исто така, тврди дека Хамас повторно ја зацврстил контролата врз Појасот Газа и започнал повторно да произведува ракети.

— реклама —

Од Хамас претходно ги отфрлија ваквите тврдења, оценувајќи дека станува збор за израелска пропаганда со цел да се оправда продолжувањето на воените операции во Појасот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 3 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања