Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија ќе работи за кинески автомобилски гигант

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, поднесе оставка на пратеничката функција и објави дека ќе ја продолжи кариерата во кинескиот производител на електрични возила BYD, каде што ќе извршува висока меѓународна функција.

— реклама —

Сијарто соопшти дека прифатил, како што рече, исклучително престижна понуда од една од најзначајните светски компании. Во BYD ќе биде задолжен за надворешните односи на целата групација и за развој на нови деловни области.

Од компанијата соопштија дека тој нема да биде дел од управата на унгарската подружница, туку ќе извршува глобална функција, која не е поврзана со работењето на BYD во Унгарија и ќе подразбира чести патувања во странство.

— реклама —

Сијарто беше пратеник од 2002 година, а од 2014 до промената на власта во 2026 година ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи. По изборниот пораз на Фидес оваа година, остана пратеник, но ретко учествуваше во работата на парламентот.

— реклама —

Неговото заминување привлече внимание бидејќи токму како министер имаше значајна улога во привлекувањето на инвестициите на BYD во Унгарија. Во 2023 година тој објави дека компанијата ќе ја изгради својата прва европска фабрика за автомобили во Сегедин, а подоцна најави и преселување на европскиот корпоративен и развоен центар на компанијата во Будимпешта.

Актуелниот унгарски премиер Петер Маѓар остро ја критикуваше одлуката на Сијарто, оценувајќи дека уште како министер ги застапувал интересите на кинеската компанија, особено при доделувањето државни субвенции и даночни олеснувања. Сијарто засега не одговорил на овие обвинувања.

— реклама —

Од Фидес, пак, го поздравија неговото именување, оценувајќи дека станува збор за признание за неговата работа, додека поранешниот премиер Виктор Орбан го нарече преминувањето на Сијарто во BYD „најголемиот трансфер на летото“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Партијата на Орбан се дистанцира од поранешниот министер осомничен за мито од 33 милиони евра

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library0lr09iaimh6p2QdjdcL

(Видео) Маѓар со жестоки обвинувања против Орбан по заплената на 17,5 милиони евра

Свет | пред 22 часа

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 2 дена

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања