Промени тема
Контакт

Поранешниот шпански премиер предизвика бура: Франција игра без Французи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library2v5f45mcc5eu6bhieYf

Поранешниот шпански премиер Маријано Рајој предизвика бурни реакции откако изјави дека француската фудбалска репрезентација игра „без Французи“.

Контроверзната изјава ја даде во својата колумна за шпанскиот медиум „Ел Дебате“, објавена по победата на Шпанија над Белгија во четвртфиналето на Светското првенство, во пресрет на полуфиналниот дуел со Франција.

Рајој ја пофали селекцијата на Дидие Дешан, нарекувајќи ја „врвен тим“, но потоа додаде: „Но, без Французи“, алудирајќи на фактот дека голем број репрезентативци имаат мигрантско потекло или семејни корени од поранешни француски колонии.

— реклама —

Сепак, од 26-те фудбалери во составот на Франција, само тројца се родени надвор од земјата – Михаел Олисе во Англија, Маркус Тирам во Италија и Брис Самба во Демократска Република Конго.

Изјавата на Рајој предизвика осуди и во Шпанија и во Франција. Пратеникот на шпанската Социјалистичка работничка партија, Хозе Сепеда, оцени дека коментарите се „расистички и ксенофобични“, додавајќи дека е срамно поранешен премиер да користи таква реторика.

Француската министерка задолжена за еднаквост и борба против дискриминацијата, Орор Берж, порача дека ваквите расистички испади се неприфатливи и дека спортот треба да биде место каде што луѓето се оценуваат според својот талент, а не според нивното потекло.

— реклама —

Изјавата повторно ја отвори долгогодишната дебата за мултикултурниот состав на француската репрезентација, која трае уште од освојувањето на светската титула во 1998 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања