Португалската полиција пресретна подморница со речиси девет тони кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Свет
media-librarys2ss5j5rskki5qC4QHj

Португалската полиција заплени рекордна количина од речиси девет тони кокаин откако во близина на Азорските Острови пресретна т.н. нарко-подморница која пловела од Латинска Америка кон Европа. Станува збор за најголемата пратка дрога досега откриена на ваков тип пловило, објавија португалските и меѓународните медиуми.

— реклама —

Во акцијата биле уапсени четири лица – тројца државјани на Колумбија и еден државјанин на Венецуела, кои се сомничат дека биле дел од екипажот на подморницата. Според информациите, пловилото превезувало околу 300 бали кокаин, а неговото пресретнување било извршено на околу 230 наутички милји од Азорите, во исклучително тешки и опасни услови поради неповолните временски прилики.

Од португалската полиција соопштија дека операцијата била реализирана во соработка со морнарицата и воздухопловството, а била координирана со Американската администрација за борба против дрогата и британската Национална агенција за борба против криминалот. Според проценките на надлежните, запленетата дрога на црниот пазар би можела да достигне вредност и до 600 милиони евра.

— реклама —

Во март минатата година, португалските власти пресретнаа уште една нарко-подморница со околу 6,5 тони кокаин наменет за европскиот пазар, додека пред неколку месеци шпанската полиција заплени 3,6 тони кокаин донесен со слично пловило во Галиција. Дополнително, шпанските власти денеска информираа дека разбиле голема мрежа за шверц на дрога, преку која во текот на минатата година во Европа биле внесени повеќе од 57 тони наркотични средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl8vkd27kgg2adHYG4MT

(Видео) Олујата Кристин однесе пет животи и предизвика хаос во Португалија и Шпанија

Свет | пред 2 дена

media-libraryo4furu3kfnnn8dIJbzr

(Видео) Торнадо пустоши во Португалија: три лица загинаа, десетици повредени

Свет | пред 2 месеци

tramvaj-glorija

(Видео/фото) Голема трагедија во Лисабон, трамот „Глорија“ излета од шините - 15 загинати, десетици повредени

Свет | пред 4 месеци

gaza-palestina-zname

Португалија разгледува признавање на палестинска држава, но со претпазливост и консултации

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања