Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Поскапи кредити и пад на профитот ги притискаат компаниите во еврозоната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library45vicbt77qoq0tf9ti2
фото: unsplash

Компаниите во еврозоната се соочуваат со поскапи банкарски кредити, построги услови за финансирање и сè поголем пад на профитот. Ова го покажува кварталното истражување на Европската централна банка за пристапот на компаниите до финансии (SAFE), објавено денеска.

— реклама —

Според истражувањето за третиот квартал од 2026 година, 46 проценти од компаниите пријавиле зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, во споредба со 42 проценти во претходниот квартал. Зголемувањето на трошоците за задолжување е особено изразено кај големите компании.

— реклама —

Покрај повисоките камати, банките ги зголемиле надоместоците и провизиите и почесто бараат дополнителни гаранции, како недвижен имот, за одобрување кредити. Воедно, одобруваат помалку заеми, а компаниите очекуваат дека во следните три месеци уште потешко ќе доаѓаат до надворешно финансирање, главно поради неповолните економски изгледи.

— реклама —

Истражувањето покажува и влошување на финансиските резултати. Во третиот квартал, нето 21 процент од компаниите пријавиле пад на профитот, наспроти 16 проценти во претходниот квартал.

Приходите продолжиле да растат кај големите компании, додека кај малите и средните претпријатија главно стагнирале. Како најголеми пречки во работењето компаниите ги посочуваат високите трошоци за производство и работа, како и недостигот од квалификувани работници, пренесува „Еуроњуз.рс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

energja

Енергетски шок ја притиска Европа: Цените на енергијата во еврозоната повисоки за 18,8 отсто

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
EU-1

Инфлацијата во еврозоната може да се приближи до 4 отсто

Свет | пред 3 седмици

media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

ЕЦБ пред ново зголемување на каматите, инфлацијата и енергенсите создаваат нов притисок

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања