Промени тема
Контакт

Поскапото гориво ги менува плановите на „Виз ер“: Капацитетот ќе се намали за 5 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
wizzair-1-750x400

Зголемените трошоци за гориво го менуваат планирањето на авиокомпаниите, а меѓу превозниците што најавуваат приспособување е и нискобуџетниот „Виз ер“. Компанијата планира да го намали капацитетот за околу пет отсто во втората половина од финансиската година.

— реклама —

Од „Виз ер“ посочуваат дека високите цени на горивото создаваат значителен притисок врз авиосекторот и ги принудуваат авиопревозниците да ги преиспитуваат плановите и бројот на летови.

— реклама —

И покрај намалувањето на планираниот капацитет, од компанијата велат дека летната сезона била подобра од очекувањата. Воедно, нагласуваат дека остануваат посветени на долгорочните планови за проширување на флотата и зголемување на бројот на превезени патници.

— реклама —

Засега не е соопштено кои конкретни авиолинии би можеле да бидат опфатени со најавеното намалување.

„Виз ер“ е меѓу најголемите авиопревозници присутни на македонскиот пазар и оперира со повеќе линии од скопскиот аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Продолжува спорот меѓу Србија и „Виз ер“, компанијата повторно под критики

Балкан | пред 2 месеци

— реклама —
vizzar

Wizz Air ги обновува летовите кон аеродромот Бен Гурион во Израел

Патувања | пред 4 месеци

media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Wizz Air најави прекин на дигиталните услуги, летовите остануваат редовни

Патувања | пред 7 месеци

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Лет на Wizz Air прекинат по два часа: итно слетување во Брисел

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања