Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Закана за бомба во авион на „Виз ер“: Летот од Лондон кон Софија пренасочен во Будимпешта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Патнички авион на „Виз ер“, кој сообраќал на линијата од Лондон до Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по закана за бомба добиена за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал леталото до безбедното слетување во Унгарија.

— реклама —

Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди потврди дека по добиената закана била активирана итна процедура за воздушна одбрана на НАТО. Била издадена наредба за итно полетување, по што унгарскиот „Грипен“ за неколку минути се кренал во воздух и го придружувал патничкиот авион до меѓународниот аеродром „Лист Ференц“ во Будимпешта.

— реклама —
— реклама —

Од „Виз ер“ потврдија дека летот од лондонскиот аеродром Лутон кон Софија бил пренасочен поради заканата за бомба. Авионот безбедно слетал, а потоа бил преместен на посебно определена локација за надлежните служби да ги спроведат безбедносните проверки на леталото и патниците.

— реклама —

Од компанијата соопштија дека целосно соработуваат со надлежните органи и нагласија дека безбедноста на патниците и екипажот останува нивен највисок приоритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

wizzair-1-750x400

Поскапото гориво ги менува плановите на „Виз ер“: Капацитетот ќе се намали за 5 отсто

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Продолжува спорот меѓу Србија и „Виз ер“, компанијата повторно под критики

Балкан | пред 3 месеци

vizzar

Wizz Air ги обновува летовите кон аеродромот Бен Гурион во Израел

Патувања | пред 5 месеци

media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Wizz Air најави прекин на дигиталните услуги, летовите остануваат редовни

Патувања | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања