Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува – нови цени на горивата од полноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати, со која во просек тие се зголемуваат за 0,40 проценти во однос на претходната одлука.

Согласно новата пресметка, од 28 април 2026 година од 00:01 часот, цените на горивата ќе изнесуваат: бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,50 денари за литар.

— реклама —

Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 96,00 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе чини 46,656 денари за килограм.

Со најновата одлука, бензините поскапуваат за 2 денари по литар, додека дизелот поевтинува за 2,5 денари по литар. Намалување од 1 денар по литар има и кај екстра лесното масло, додека мазутот бележи благо зголемување.

— реклама —

Од Регулаторната комисија појаснуваат дека промените се резултат на движењата на референтните цени на светските пазари, каде бензините бележат раст, додека кај дизелот и дел од другите деривати има намалување. Дополнително, минимално влијание има и курсот на денарот во однос на американскиот долар.

— реклама —

Надлежните потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско од утврденото ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Нови цени на горивата: бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскапува за 1 денар

Македонија | пред 1 седмица

IMG_8162

Од 1 август поскапува парното во Скопје, сметките повисоки во просек за 140 денари

Македонија | пред 2 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за 3 денари

Македонија | пред 2 седмици

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања