Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Поскапуваат горивата, објавени новите цени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,14 % во однос на одлуката од 14.6.2024 година.

— реклама —

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,282%, кај дизелот 1,132%, кај екстра лесното масло за 1,150% и кај мазутот зголемувањето е за 2,152%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146%

— реклама —

Од 18.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,458 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,819 ден/кг и сега ќе изнесува 44,458 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.6.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Македонија | пред 2 месеци

benzine

(Видео) Москва со итни мерки: увоз од Кина за да се ублажи недостигот на гориво

Свет | пред 2 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Бензинот поевтинува, дизелот без промена - мали корекции кај цените на горивата

Македонија | пред 4 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Поскапуваат горивата - новите цени се објавени

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања