Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Поскапуваат „Мекбук“, „Ајпад“ и други уреди на Apple

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-librarycb32faq7ode8evt2lDv
Photo by Dmitry Chernyshov on Unsplash

Технолошкиот гигант „Епл“ ги зголеми цените на дел од своите најпопуларни производи, меѓу кои се „Мекбук“ и „Ајпад“, наведувајќи дека причина за поскапувањето се зголемените трошоци за мемориски и складишни чипови.

Според информациите на Си-Ен-Ен, наглиот раст на побарувачката за чипови е поттикнат од експанзијата на вештачката интелигенција и масовната изградба на центри за обработка на податоци ширум светот.

— реклама —

Најголемото поскапување го бележи основниот модел „Мекбук Нео“, чија цена е зголемена од 599 на 699 долари. Почетниот модел на „Ајпад“ отсега ќе чини 449 долари наместо досегашните 349, додека цената на „Ајпад Мини“ е повисока за 100 долари и сега изнесува 599 долари.

— реклама —

Повисоки цени има и кај други уреди. „Епл ТВ“ поскапува од 129 на 199 долари, слушалките „Вижн Про“ ќе се продаваат за 3.699 долари, односно за 200 долари повеќе од досега, а паметниот звучник „ХоумПод“ поскапува од 299 на 349 долари.

Новите цени веќе се објавени на интернет-продавницата на компанијата, иако кај дел од трговците сè уште се прикажани старите ценовници.

— реклама —

Од компанијата соопштија дека невидената побарувачка за меморија и складишни компоненти, предизвикана од развојот на вештачката интелигенција, довела до рекордно зголемување на цените на компонентите.

Извршниот директор, Тим Кук, уште минатата седмица предупреди дека поскапувањата се неизбежни поради глобалниот недостиг од мемориски чипови.

И покрај зголемувањето на цените кај повеќе производи, засега нема промени кај цените на „Ајфон“ и слушалките „ЕрПодс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l1ncp3lp9767qI6RjZ

„Фајрфокс“ воведува вграден блокатор на реклами на „ајфон“: Крај на досадните реклами?

Технологија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryspmre4c1giea9rsYHzI

Waze добива големо ажурирање со Gemini: Паметни рути, нови функции и подобар режим за мотоцикли

Магазин | пред 2 месеци

media-library17hlkstfv9ij9aH3q5w

Xiaomi подготвува HyperOS 4: Познато кога би можело да започне бета-тестирањето

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryvg6h2rjf0ef8dO6Ti34

Nvidia инвестира 5 милијарди долари во стартапот на коосновачот на OpenAI

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања