Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Последен поклон за актерката Соња Каранџуловска, лик што ќе живее низ сите улоги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-26-at-12.52.12

Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина актерката Соња Каранџуловска (1948 - 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.

— реклама —

„На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).

Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонски народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година,. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.

— реклама —

Покрај во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“. Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна и слава!“, велат од Македонски народен театар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygpc9o2npphfqbHHfHEz

„Кец на десетка“ со 100-та изведба во МНТ

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryfjm33ho73a3lbEr13lo

Финале на роденденската прослава на МНТ со „Од другата страна“ – претстава меѓу лицето и опачината

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryqpm5c4m907kcdREJDa2

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ

Магазин | пред 1 седмица

media-librarymqij4mhs40o6dlNUzbY

Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ гостува во МНТ

Магазин | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања