Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Потрошувачката кошничка е 68.500 денари - Мицкоски ја доведе Македонија до економски колапс“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

СДСМ преку соопштение обвини дека растот на трошоците за живот дополнително го влошува животниот стандард на граѓаните, повикувајќи се на најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), според кои синдикалната минимална потрошувачка кошничка за јули изнесува 68.500 денари.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни повеќе од 25.000 денари месечно, а доколку се пресметаат и трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни расходи достигнуваат 83.873 денари.

— реклама —

Според СДСМ, минималната плата и натаму е значително пониска од 600 евра, а растот на просечната плата не ги следи зголемените животни трошоци, поради што граѓаните сè потешко ги покриваат основните потреби.

Партијата тврди дека инвестициите се намалени за повеќе од 60 проценти и дека земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми поради поскапувањето на горивата и репроматеријалите, без, како што наведува, соодветна поддршка од Владата.

— реклама —

Од СДСМ предупредуваат дека по новото поскапување на горивата може да се очекува дополнителен раст на цените на основните производи, а со почетокот на учебната година и претстојната грејна сезона, граѓаните ќе се соочат со уште поголеми финансиски оптоварувања.

— реклама —

Во партиското соопштение се оценува дека економските политики на Владата негативно влијаат врз животниот стандард, при што СДСМ ја обвинува Владата дека не презема доволно мерки за заштита на граѓаните од растот на трошоците за живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања