Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Потврден нов случај на хантавирус кај патник од бродот „Хондиус“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Министерството за здравство на Шпанија денеска соопшти дека кај еден шпански државјанин, кој бил евакуиран од бродот „МВ Хондиус“, каде што избувна епидемија на хантавирус, е потврдено присуство на вирусот.

Шпанските власти наведоа дека пациентот бил близок контакт, идентификуван преку епидемиолошки надзор покренат по првичното откривање на заразата на крузерот.

— реклама —

„Засегнатото лице беше под клинички надзор и во изолација од моментот на приемот, согласно со протоколите утврдени од Системот за рано предупредување и брз одговор“, соопшти Министерството за здравство.

Како што е наведено, пациентот нема симптоми, а вирусот бил откриен при рутински прегледи спроведени кај 13 патници и еден член на екипажот, кои пристигнале на 10 мај по искрцувањето од бродот „Хондиус“ на Тенерифе.

— реклама —

Тие биле префрлени во болницата „Гомез Уља“ во Мадрид, каде што останале во изолација за да го завршат карантинот.

Еден ден по пристигнувањето на 14 шпански државјани од бродот во болницата, кај едно лице бил потврден позитивен тест. Тој пациент имал благи симптоми и се опоравува, според информации од шпанското Министерство за здравство.

Останатите патници до денеска биле негативни на тестирањата, кога бил потврден уште еден позитивен случај.

Според информациите, периодот на инкубација на овој вирус може да трае од една до шест недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Бројот на заразени со хантавирус од крузерот се искачи на 13

Свет | пред 3 седмици

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Пациент со симптоми на хантавирус хоспитализиран во Лисабон

Свет | пред 4 седмици

media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Експерти предупредуваат на можен трет бран зарази со хантавирус

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања