Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Повеќе од 10 земјотреси за неколку часа кај Камчатка, издадено предупредување за цунами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Низа силни земјотреси утрово ја погодија областа кај полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, поради што надлежните привремено издадоа предупредување за можна појава на цунами и ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од крајбрежјето.

Според податоците на локалниот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науките, регистрирани се најмалку десет земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

— реклама —

Првиот потрес бил регистриран во 6:51 часот по локално време и бил со магнитуда од 5,5 степени. Набргу потоа следувал земјотрес со јачина од 6,3 степени, а во текот на денот биле евидентирани и потреси од 6,2 и 5,3 степени, како и повеќе послаби земјотреси.

Сите потреси биле регистрирани во Тихиот Океан, на оддалеченост од околу 150 до 180 километри од градот Петропавловск-Камчатски.

— реклама —

Поради зголемената сеизмичка активност, властите издадоа предупредување за цунами и ги советуваа жителите да избегнуваат престој во крајбрежните области. Подоцна, руското Министерство за вонредни ситуации го укина предупредувањето, откако не беше утврдена непосредна опасност.

— реклама —

Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета, а надлежните служби продолжуваат внимателно да ја следат состојбата во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,8 степени регистриран кај брегот на Камчатка

Свет | пред 3 седмици

zemjotres

Земјотрес од 5,8 степени ја погоди Камчатка, прогласена вонредна ситуација

Свет | пред 5 месеци

kamcatka

За 24 часа повеќе од 120 потреси на Камчатка - најсилниот земјотрес е со јачина од 7,4 степени

Свет | пред 9 месеци

vulkan

Прва ерупција по 600 години: Вулканот Крашениников на Камчатка се разбуди по силниот земјотрес

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања