Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од 1.000 луѓе се повредени во земјотресот во Тајван

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати се уште е 9, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати.

— реклама —

Работниците за време на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон националниот парк Тароко, а командниот центар за кризни ситуации објавил дека потрагата по нив е главна цел, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Планот е да се испратат беспилотни летала и хеликоптери за да помогнат во потрагата по работниците и, доколку се најдат, да им се достави залихи што е можно поскоро. Шест лица се спасени со хеликоптер од рударската област.

— реклама —

Во градот Хуалиен заврши спасувањето на луѓето кои останаа заробени во урнатините на зградите. Возниот сообраќај на линијата кон Хуалиен е повторно отворен.

— реклама —

Ова беше најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, со епицентар најблиску до источната област Хуалиен, додека зградите во главниот град Тајпеј се тресат, но претрпеа минимални штети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Јапонија

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени ја погоди Сицилија

Свет | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тибет

Свет | пред 3 седмици

media-librarytjlvek7b8vg9f1KsZMt

(Видео) Наместо да избега, продавачот ги спасуваше шишињата со вино во маркетот за време на земјотрес

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања