Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од 190 починати: Епидемијата на ебола во Конго може да трае уште една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
ebola

Епидемијата на ебола што го зафати источниот дел на Демократска Република Конго сè уште не го достигнала својот врв, а постои стравување дека борбата со болеста би можела да трае и до една година, предупреди координаторот за операции на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Бруно Мишон.

— реклама —

„Многу е тешко прецизно да се процени во колкава мера се шири епидемијата, но мислам дека врвот не е зад нас, туку допрва претстои. Стравуваме дека ќе биде потребна една година за да се стави крај на оваа болест“, изјавил Мишон пред новинарите, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Според достапните податоци, во Конго се регистрирани повеќе од 800 случаи на заразени со реткиот сој на вирусот Бундибугјо, кој предизвикува ебола. Досега, од последиците на болеста починале 192 лица.

— реклама —

Дополнителен предизвик во справувањето со епидемијата претставуваат недостигот од центри за лекување и отпорот на дел од локалното население кон строгите хигиенски мерки што ги препорачуваат здравствените власти.

— реклама —

И повеќе од еден месец по прогласувањето на епидемијата, надлежните сè уште немаат целосна слика за нејзините вистински размери, што ја отежнува организацијата на ефикасен одговор и контролата на ширењето на вирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола, заразени се над 11.000 луѓе

Свет | пред 15 часа

— реклама —
fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 1 седмица

ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 1 седмица

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања